Министерството за внатрешни работи потврди дека причина за смртта на поранешниот пратеник од СДСМ Миле Андонов е несреќа односно пад од покривната конструкција на неговата викендица на планината Осогово каде што извршувал градежени зафати.
Според истрагата, тој загинал веднаш при падот, а лекар од Итната медицинска помош од Кочани констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Андонов беше дипломиран економист, а во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година беше дел од пратеничката група на СДСМ.