Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје во содејство со припадници Воена полиција од Армијата, денеска на Меѓународен аеродром „Скопје“, го лишија од слобода Д.А. (44) од село Семениште, Општина Сарај, соопштија од МВР.
– Тој се барал со Централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 123 во врска со член 24 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР.