Министерството за внатрешни работи, во периодот од 14 месецов до вчера, спроведе акциска контрола за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
– При контролата санкционирани се 40 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР, додавајќи дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.