МВР се огласи за нападот врз чувар и запалени банкомати во Топанско Поле.

МВР повтрди дека неколку лица со закана со оружје утринава во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

-Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект – соопштија од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.