При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

Како што информира МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.