Сузбивање на нелегалната трговија со дрога е еден од главните приоритети на Министерството за внатрешни работи.

Апсења на повеќе локации

Во текот на вчерашниот ден и денеска веднаш по полноќ се апселе дилери на дрога на повеќе локации низ главниот град. Како што може да се забележи од полицискиот билтен, уапсените се претежно млади лица на возраст од 18 до 40 години, меѓу нив е и една девојка од скопската општина Аеродром.

Марихуана, кокаин и две дигитални ваги кај девојка од скопски аеродром

Младата девојка која била уапсена вчера е 26-годишната Н.С. од скопската општина Аеродром. Таа е уапсена за недозволена трговија со дрога. По извршен претрес на нејзиниот дом пронајдени и одземени биле одредена количина на марихуана и кокаин, но и две дигитиални ваги. За вчерашниот претрес полициските службеници имале соодветен судски налог.

Уапсени повеќе млади момчиња на други локации

Во текот на вчерашниот ден и денеска по полноќ биле уапсени повеќе млади момчиња каде најмладите се 18 години, а еден од нив има 40 години. Меѓу уапсените се С.Џ. (40) од Скопје кај кого била пронајдена и одземена марихуана, А.А.(19) од село Сингелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, Е.Р.(18) од Скопје на подрачјето на Бит Пазар затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. А.Ж.(27) од скопска Гази Баба, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, А.Е.(24) од општина Кисела Вода, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Решавање на проблемот со дрога

МВР го решава проблемот со дилерите на дрога. Министерот Панче Тошковски најави дека акцент ќе се стави на ова.