– Од нив, 39 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 240 надвор од населено место, соопштија од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, односно од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.