Оттаму велат дека исплатите кои Министерство за здравство ги врши се транспарентни и објавени на страницата на отворени финансии.
– Toa што Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска, го споделил пред медиумите, претставувајќи го како афера, или документ до кој дошол, е достапен податок на секој граѓанин кој би ја отворил страницата на open.finance.gov.mk Министерството за здравство уште од самиот почеток за време на водење на преговорите, набавката и текот на испорака на вакцините, транспаренто ги информира граѓаните за целиот процес. За законитоста на целиот процес, говори самиот факт што договорите, како и плаќањата на сите набавени вакцини поминуваат на затворена седница на Влада. Ова доволно кажува колку процесот за купување вакцини е законски, без никакви недоследности или пак провизии кои ги измислува ВМРО ДПМНЕ, се вели во дел од реакцијата на Министерството за здравство.