Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги инфомира земјоделците, производители на пченица и јачмен дека во тек е аплицирањето за финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година.
Финансиската поддршка за мерката – Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година, можат да ја искористат производителите на пченица и јачмен, кои производството од реколтата 2023 година го имаат складирано кај регистриран складиштар.
Земјоделците барањата треба да ги поднесуваат директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на рачно пополнер образец.
Барање до Агенцијата поднесува земјоделско стопанство, кое претходно има поднесено барање за директни плаќања за засеана површина со пченица или јачмен. Крајниот рок за поднесување на брањето за финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно рпоизводство од род 2023 година е до 15 декември 2023 година.
Во прилог на барањето се доставува договор за складирање и потврда за извршено складирање. Пченицат и јачменот треба да се предадени на складирање кај регистрирано складиште во периодот од 15 јуни до 1 септември 2023 година. Периодот пак на складирање на пченицата и јачменот треба да биде од најмалку 2 до најмногу 9 месеци.
Како прифатлифи количини се максимум складирани 5.000 тони по земјоделско стопанство одделно за пченица и за јачмен, максимум прифатлива количина 5 тони по хектар пријавена површина со соодветната култура. Висината на поддршката изнесува 100% од трошоците за складирање и чување, со максимум прифатлива цена на услугата од 120 денари по тон за еден месец.
Средствата се исплаќаат на сметка на складиштарот во име и за сметка на барателот. Складиштарот потребно е секој последен ден во месецот, за тековниот месец, до АФПЗРР да ги доставува следните потатоци: име и презиме/назив на корисникот, ЕМБГ/ЕДБ, ИДБР на земјоделското стопанство, состојба на залихите за секој корисник одделно и единечна цена на извршената услуга за складирање на образец кој е утврден од Агенцијата.
Земјоделците, образецот за поднесување на барање, Потврдата и Образецот за достава на податоци од страна на складиштарот, можат да ги превземат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, во делот Директни плаќања 2023 – Обрасци.