Кошаркарите на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го загубија натпреварот од 16. коло во АБА лигата од Будуќност со 86-90.

Дуелот во СЦ „Јане Сандански“ даде надеж за „подобро утре“ на аеродромци, бидејќи одиграа целосно рамноправно против балканскиот гигант.

„Штрковите“ имаа шанси да извлечат и позитивен резултат, меѓутоа Будуќност го издржа налетот и ја доби драмата во финишот.

Играч на натпреварот беше Бел Хајнс кој го извлече тимот и со 22 поени го поведе до победата. Кај МЗТ Скопје на крајот најдобар беше Војдан Стојановски со 20, меѓутоа партија за почит имаше и Абдул Малик Абу со еден помалку.