Пожарот во тетовско село Фалише кој избувна во фабрика каде изгореа бои, лакови и други хемикалии се очекува наскоро конечно да биде целосно локализиран, но огигледно најголемиот проблем овде би биле штетните материи кои ги дишат граѓаните.

Согорувањето создава отровни и штетни гасови во воздухот, воздухот е екстремно загаден, а во текот на утрешниот ден ќе има и останати испитувања. Боите, лакови и останати хеминикалии создаваат проблеми за локалните жители, но и за пожарникарите, новинарите и останатите луѓе кои се наоѓаат на лице место.

– Тука сме околу 10 часа. Нѐ печат грлото и очите. Тешкиот црн чад со тешки хемикалии го откажнува и дишењето, велат граѓаните кои се на лице место.

Огнената стихија создаде голем проблем, но очигледно најголемиот проблем овде ќе биде проблемот кој настанал од штетните хемикалии. Токму затоа се огласи и Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје од Тетово.

– Наша препорака е без потреба да не се биде на ова место затоа што во моментов во воздухот имаме јаглен моноксид, јаглен диоксид, диоксини и други штетни материи. Исто така, во радиус од 2 километри на луѓето им се препорачува да бидат во своите домови и без потреба да не излегуваат надвор. Во наредниот период ќе се изврши испитување на водата и почвата за да се утврди дали има загадување, вели д-р Давидовски.