Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Сопот, вчеравечер околу 21.30 часот во близина на бензиска пумпа и мотел на автопатот кој води од Табановце кон Скопје го лишеле е од слобода Б.Е.(35) од Р.Албанија, кој управувал патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“, велат од МВР.

– Имено, околу 21.15 часот на стариот пат за с.Табановце, на исклучок на земјен пат кој води кон напуштени објекти кон с.Речица, од полициски службеници било забележано дека возилото запрело и од него излегле неколку лица мигранти кои се упатиле кон Табановска Река. По извршено пребарување на теренот, околу 23.30 часот пронајдени се 8 лица мигранти, од кои 5 од Пакистан, 2 лица од Мали и 1 лице од Сомалија, информираат од МВР и појаснуваат дека Б.Е. е приведен во полициска станица во СВР Куманово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти се пренесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.