Како што соопшти МВР, од изречените санкции 21 се за движење со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.