– Настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи што ни попречија многу моменти на заедничко прославување. Сите присутни треба да поседуваат вакцинален сертификат или потврда за прележаност на коронавирусот. За да овозможиме безбеден настан од здравствен аспект, за сите гости е предвидено место за седење со соодветно растојание, а движење за време на настанот не е препорачано за да не се нарушат здравствените протоколи, се наведува во владината информација.

Влез на настанот е овозможен само за граѓаните што ќе се регистрираат на следниот линк.

Според протоколот, бројот на седишта е ограничен, а регистрацијата ќе биде затворена во моментот кога ќе се исполни бројот на слободни места. Регистрираните граѓани ќе добијат повратна логистичка информација за позицијата на местото за седење и линк што води до мапа на која е претставен влезот од кој се пристапува до местото за седење.

– Центарот на Скопје (Голем ринг) ќе биде затворен за сообраќај поради што апелираме граѓаните што ќе се регистрираат за присуство да пристигнат пред Собранието без моторни возила. Граѓаните треба да пристигнат пред Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до 16.30 часот, појаснуваат од Владата.