Претседателот на ОИК-Пробиштип, Јорданчо Димитриевски за МИА вели дека излезноста е поголема за разлика од првиот круг.
– Според овој процент на излезност се очекува да имаме поголема излезност за седум отсто во споредба со првиот круг, кога на гласање излегоа околу 68 отсто од граѓаните, дополни Димитриевски.
Во Општина Пробиштип гласањето за околу два часа ќе биде продолжено на две избирачки места. Станува збор за избирачкото место 15 66/1 во Злетово и 15 72 во село Древен. Во Злетово ќе се затвори во 20.55 часот, а во Древен во 21 часот, бидејќи имаше технички проблеми со апаратите за отпечаток на прст.
Димитриевски забележува дека изборниот ден е мирен и досега немаат никакви пријави.