Килограм шајки, завртки, навртки и ножеви биле пронајдени во стомакот на еден Литванец од страна на лекарите за време на операцијата во Универзитетската болница во Клајпеда, објавија локалните медиуми, пренесе Би -Би -Си.

Според лекарот, пациентот голтал метални предмети еден месец откако се откажал од алкохолот. Некои од предметите што лекарите ги отстраниле за време на тричасовната операција биле долги 10 сантиметри, пренесува литванската радио-телевизија (ЛРТ).

– Не е невообичаено да се најдат туѓи тела во матката, но ова е навистина единствен случај, коментира хирургот Шаранас Даилиденас.

Болницата објави фотографија од метален сад полн со метални предмети, главно шајки, на својот профил на Фејсбук.

Мажот бил пренесен со брза помош со силни болки во стомакот во болница во Клаипеда на балтичкиот брег.

Тој сега е стабилен и под надзор на лекар.