Вчера (30.07.2023) во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пределот на кањон Матка се изгубиле две лица, државјани на Народна Република Кина.
– Полициски службеници од Полициското одделение Сарај излегле на местото и со брза интервенција и преземени активности за кусо време лицата биле пронајдени во околината на манастирот „Св.Никола Шишевски“.
Двете лица (машко и женско) биле во релативно добра здравствена состојба, но со знаци на дехидрираност и замор, по што безбедно биле симнати во с.Долна Матка, каде што од страна на екипа од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош, а потоа биле однесени до местото каде престојуваат во Скопје, информираа од МВР.