Вчера бил нападнат полициски службеник во Драчево.

– На 30.07.2023 во 20.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Б.Д.(28) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, соопшти МВР

Како што информира МВР, во врска со истиот настан, во полициска станица била приведена Б.Д.(47) од Скопје, затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.