Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска го посети зимското одморалиште на МВР на Пониква, место во кое во овој период традиционално престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители.
-Имав чест на заеднички ручек да поминеме време заедно, во искрена и топла атмосфера, да поразговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината. Таа жртва не смее и нема да биде заборавена, вели Тошковски.

Тој нагласува дека таа жртва претставува аманет и трајна обврска, секогаш да бидат покрај нив, да им даваат поддршка, да ги почитуваат и да одговараат на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаат.
