Со транспаренти „Уставот на Македонија ги нарушува етничките права на Албанците и мора да биде сменет“ и веејќи албанско знаме, се протестира за пресудите во случајот „Монструм“.
Протестот е организиран од роднините на осудените за убиствата кај Смилковскот езеро. Тие скандираа „УЧК, УЧК“.
Групата која протестира, од Чаир се упати кон зградата на Владата, а кај трговскиот центар „Мавровка“ беше развеано големо албанско знаме.
На транспарентите се закачени и фотографии од обвинителките Фатиме Фетаи и Вилма Русковска, судијката Добрила Кацарска и државниот Јавен обвинител, Љубомир Јовески и се бара да биде сменет македонскиот Устав.