На 24 септември 2026 година во Секторот за внатрешни работи Скопје 48-годишен маж пријави дека на 23 септември во неговиот дом во Карпош бил физички нападнат од сопругата, со која е во бракоразводна постапка, а која, според пријавата, оштетила и дел од покуќнината.
Исто така, 41-годишната сопруга поднесе пријава против 48-годишниот маж со обвинување дека и тој ја физички нападнал на истата локација.
Од страна на полицијата се преземаат сите законски мерки за расчистување на случајот и утврдување на фактичката состојба.
