Процесот против поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Салих Мустафа ќе започне на 15 септември во Меѓународниот суд во Хаг, а првите сведоци ќе бидат сослушани пет дена подоцна.
Мустафа бил клучен командант на ОВК за време на војната во Косово во периодот 1998-1999 година. Тој е осомничен за извршени воени злосторства, вклучувајќи самоволно притворање, малтретирање, тортура и убиство на затвореници. Мустафа се изјасни за невин по сите точки од обвинението.
Тој е првиот осомничен кој ќе се појави пред Хашкиот трибунал. Мустафа беше уапсен минатиот септември и екстрадиран во Холандија, заедно со поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој најави оставка од функцијата шеф на државата непосредно пред апсењето. Тачи е осомничен за убиство на стотици луѓе, мачење и други злосторства. Тој беше испрашуван од судот во 2020 година.