На сите туристи, Малта ќе им даде џепарлак и по 200 евра
Н
Сакајќи да го оживее туризмот, Малта планира да им понуди на посетителите „џепарлак“ до 200 евра доколку летово останат барем три дена на медитеранскиот остров.
Министерот за туризам, Клејтон Бартоло, објавил план според кој повеќето ограничувања поради „Ковид 19“ ќе бидат укинати до 1. јуни, а тој им ветува подарок на туристите кои ќе резервираат летен одмор директно преку локалните хотели.