Николовски дополни дека воопшто не е дискутирано за кого станува збор и не се знае кој ќе биде именуван.
Во однос на прашањето за постапувањето според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, Николовски рече дека тој прв, како лице задолжено за следење на имплементација на кодексот, кажал дека кодексот не може за еден да важи, за друг да не важи.
– Токму и во овој случај е изготвено, согласно одредбите од кодексот и согласно процедурите кои кодексот ги предвидува, е испратено писмено известување до претседателот на владата, кој што соогласно членот 23 од Кодексот предлага на Владата соодветни постапки кои што се можни, дали е тоа опомена, дали е тоа јавно несогласување или пак барање за разрешување, така што, целосно е постапено согласно процедурите во кодексот, и во секој случај кодексот важи за сите, изјави Николовски.
Тој најави дека Кодексот како и писменото известување за прекршувањето на нормите од кодексот ќе бидат обелоденети со цел одговарање на сите дилеми кои постојат околу овој случај.
Поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, беше разрешен откако јавно се изјасни дека поголемиот дел од прераспределените рамковни административци не се прифатливи за ДПИ.