-Спасовски и Заев издадоа пасоши на светски нарко босови од типот на Јован Вукотиќ и Седат Пекер, и на терористи кои одат на боиштата на Блискиот Исток, и ја загрозија не само стабилноста на Македонија, туку и на целиот регион, и се уште не ги поништуваат пасошите. Спасовски и Заев свесно овозможуваат на стотина нарко босови, убијци и терористи да се шетаат низ светот и да извршуваат убиства, да шверцуваат дрога, да прават терористички напади и други разни криминали. Не е прашањето до кога овие пасоши ќе бидат важечки, туку зошто веднаш не се поништени. Кој ќе преземе одговорност за евентуалните дела кои што се случиле или ќе се случат како последица на поседувањето на македонски пасош од страна на овие криминалци? Спасовски и Заев да одговорат и дали пасоши од „Мафија“ имаат и лица поврзани со акцијата „Планина“? Кои дела се направени, и кој се е оштетен? Секој поминат ден без да се укинат овие пасоши е срам за Македонија, ја нарушува нејзината безбедност, но и безбедноста на целиот регион и пошироко, прашува опозициската партија.