Како што дознаваме, откако косовската полиција го предала лицето на македонската гранична полиција, надлежниот полициски службеник телефонски се јавил на началникот за Потраги – Интерпол, Рефиќ Ќерими, кој му дал наредба да се ослободи лицето зошто не е цел на потрага.
Лицето е ослободено, а за кратко е утврдено дека по него има централна потерница по што е повикана Внатрешна контрола која сега работи на утврдување на одговорност кај полициски службеници.
Бедри Бериша е дел од групата на Беланоца. Во полициска акција на 1-ви мај минатата година на 20-на метри од домот на Бериша беа заплетенети автоматски пушки и 2,5 килограми хероин кој наводно припаѓале на криминалната група Беланоца.
Од друга страна, името на началникот за Потраги – Интерпол, Рефиќ Ќерими, на крајот на мај годинава се најде на седница на пратенички прашања дали во периодот октомври-декември 2020 г. началникот во МВР остварил една или повеќе средби со мафијашот Седат Пекер, по кого токму Интерпол трага со потерница.