Загрижувачки бројки за смртни случаи и апсења

Најмалку 3.428 демонстранти се убиени во Иран од почетокот на протестите на крајот на декември, соопшти организацијата за човекови права „Iran Human Rights“ (IHRNGO), со седиште во Осло. Според нив, вистинскиот број на жртви може да биде значително поголем, а повеќе од 10.000 лица се уапсени за време на демонстрациите.

Активистичката група изрази загриженост поради постапките на иранските власти и предупреди на можност за масовни егзекуции на притворените демонстранти, пренесе ДПА.

IHRNGO се повика и на извештаите од државните медиуми, според кои најмалку 121 припадник на полицијата и безбедносните сили загинале во немирите.

Бројките не можат независно да се потврдат, бидејќи интернетот во Иран беше исклучен речиси една недела. Од вчера, жителите повторно можат да воспоставуваат меѓународни телефонски повици, што полека овозможува пристап до информации од надворешниот свет.