Двете навивачки групи во неколку наврати физички се пресметаа измината ноќ на различни локации во Лисабон.
Полицијата изрази сомневање дека „судирите меѓу навивачките групи биле однапред договорени“, додавајќи оти „на тоа укажува одредено однесување на домашните и гостинските навивачи“.
Бенфика го совлада Динамо Киев со 2-0 и со тоа го обезбеди второто место во групата и пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони.