Спасувачката организација СОС Медитеран соопшти дека болни и деца меѓу првите се симнаа од бродот Оушн Вајкинг, на кој имало 572 мигранти.

Сите мигранти биле тестирани за коронавирусот откако го напуштиле бродот.

Италија вчера одлучи да му дозволи на бродот да се вкотви во Августа, откако екипажот пријави влошување на условите на бродот. Оушн Вајкинг соопшти дека претходно му биле одбиени пет барања испратени до поморските власти во Италија и Малта.