Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал ги искажа впечатоците по победата над светскиот рекет број 126 Јаник Ханфман во второто коло на Австралија опен.

Натпреварот траеше 2 часа и 42 минути и заврши со резултат 6:2, 6:3, 6:4.

– Го познавав претходно. Ако не се лажам, веќе игравме во првото коло на Ролан Гарос пред неколку години. Знаев дека е опасен, а резултатот против Танаси Кокинакис во првото коло покажа дека му оди одлично. Неговото ниво беше многу повисоко од она што го покажува неговиот рејтинг. Му посакувам успешни резултати, тој е одлично момче, изјави Надал.

Шпанецот зборуваше и за тоа како работи на својата физичка подготвеност.

– Играм голф. Да бидам искрен, не сум голем љубител на теретана. Повеќе сакам да играм. За жал, во последните неколку години, поради повреди на коленото и стапалото, не се занимавам со различни спортови толку често како порано. И сега треба повеќе да се фокусирам на она за што не размислував во минатото. Така, сега поминувам околу час и половина дневно во фитнес центри. Но, искрено, никогаш не сум се билдал многу, истакна Надал.

Во следното коло, Надал кој е шести носител на Грен слемот во Мелбурн, ќе се соочи со Русинот Карен Качанов.