Првиот грен слем турнир во секоја календарска година се игра во Мелбурн, а тоа е популарниот Австралија Опен.
Рафаел Надал е човекот кој е бранител на пехарот, но тој не е прв фаворит за истиот и со тоа се согласува шпанскиот ас кој го издвои името на Новак Ѓоковиќ.
-Се чини дека Ѓоковиќ е добро подготвен. Имаше одлични резултати на крајот од годината и ја започна годината со победи. Овој турнир отсекогаш бил добар за него. Ако зборуваме за фаворити, во сабота пред турнирот, тогаш нема дилема кој е фаворит. Но титулите не се освојуваат во сабота пред турнирот. Мора да работите две недели. Иако покажа дека тоа многу добро го знае. Ако победи ќе му честитам, ќе направи нешто историско. Мојот живот нема да се промени поради ова, -рече Рафа кој за ривал во првата рунда го има незгодниот Џек Дрејпер.
-Веројатно една од најтешките први рунди. Тој е млад, силен, расте и многу брзо напредува на АТП листата, играше добро. Голем предизвик за мене да го започнам турнирот. Но, ќе видиме, тука сум да си дадам шанса и знам дека игра добро. Доволно сум скромен да ја прифатам ситуацијата и само да работам со она што го имам затоа што морам повторно да изградам моментум со победи, -порача големиот грен слем шампион.