Воопшто нема никакви протекции, јас не ни знаев дека имал такво право. Од медиумите за прв пат слушнав дека господинот Зоран Милевски имал право на прекин на казната. Потоа се информирав кај Директорот на Управата за санкции – вели премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Заев ги повика новинарите детално да го истражат случајот за да може сите граѓани да бидат информирани.

Зоран Милевски Кичеец минатата недела учествуваше во сообраќајна несреќа на Стража во која животот го загуби едно лице. Тој е правосилно осуден за случајот Рекет но во моментот користел прекин на казната поради медицински причини.