Според статистичките показатели објавени од централната банка, бруто надворешниот долг изнесува 10.159 милиони евра или 87,6 проценти од БДП и бележи квартално зголемување од 353 милиони евра.

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 6.764 милиони евра или 58,3 проценти од БДП и бележи зголемување од 246 милиони евра.

– Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 7.111 милиони евра, или 61,3 проценти од проектираниот БДП за 2021 година и на квартална основа е зголемена за 162 милиона евра. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84 проценти, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал, се наведува во соопштението од Народната банка.