Филипче вели дека истите ќе се однесуваат на неимунизираните лица.

-Во текот на следнава недела ќе дискутираме и за други евентуално дополнителни рестриктивни мерки кои што прво ќе се однесуваат на неимунизираните граѓани, имајќи во предвид дека сега најголем терет во болничкиот систем се неимунизираните пациенти или да се прошири критериумот за влез со најмалку две примени дози, односно целосна имунизација и за други места, настани, вели Филипче во изјава за Канал 5.