Најголемиот проблем за македонските граѓани е лошата економија и невработеноста, покажуваат резултатите на теренската анкета спроведена на 1013 испитаници по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска пред новинарите рече дека 17% од нив ја навеле економијата како најголем проблем со кој секојдневно се соочуваат, а 16% ја избрале невработеноста како проблем во државата.

Нискиот стандард во кој живееме и корона кризата со по 9% од одговорите, а како проблем се наведени и меѓусоседски односи.

Анкетата е спроведена теренски од 18 до 31 мај.