Националната агенција за справување со катастрофи соопшти дека реките на падините на планината Арџуно се излеале од коритата и поплавиле пет села во Кота Бата, град во провинцијата Источна Јава.

Агенцијата наведува дека пороите однеле 15 лица, од кои четворица подоцна биле спасени, додека по останатите 11 се трага.

Директорот на Агенцијата Ганип Варсито изјави дека се очекува обилните врнежи да продолжат и оти би можеле да траат до февруари.