Напаѓачот фрлил рачна бомба врз поворка со шиитски муслимани на одбележувањето на Ашура, десетти ден од Мухарем, првиот месец според исламскиот календар, во квартот Мухаџир во областа Бахавалхагар.

– Имаме потврда дека три лица загинаа, а 50 се повредени, рече висок владин претставник во градот Бахавалхагар.

На местото на експлозијата се наоѓале стотици луѓе, а на социјалните мрежи се споделуваат снимки на кои се гледа како луѓе им помагаат на настраданите.

Секташкото насилство, главно од сунитски екстремисти кон шиити, кои сочинуваат околу 20 проценти од населението на Пакистан од околу 220 милиони луѓе, е присутно со децении.