Најмалку 443 луѓе загинаа, а десетици луѓе сè уште се водат како исчезнати во поплавите што го погодија крајбрежниот дел на Јужноафриканската Република каде денеска дождот речиси престана да врне.

Најголем дел од жртвите се жители на околината на Дурбан, пристаништен град со 3,5 милиони жители во провинцијата КваЗулу Натал, која излегува на Индискиот Океан и каде веќе една недела паѓа обилен дожд, предизвикувајќи свлечишта во кои има жртви.

– Бројот на загинати се искачи на 443, изјави на прес-конференција министерот на покраината, Сихле Жикалала. Околу 60 лица сè уште се водат како исчезнати.

На некои места сè уште врне дожд, но многу помалку од претходните денови.