Повеќе од една третина од 12-катната зграда, во која има 136 станови, се урна претходната ноќ, во 1 часот и 35 минути по локално време.

– Досега имаме најмалку четири смртни случаи, а 159 лица се водат за исчезнати, рече градоначалничката на Мајами-Даде, Даниела Левин Кава.

Левин Кава денеска во интервју за Еј-Би-Си зјави дека три тела биле извлечени во текот на ноќта.

– Кога се разбудив, дознав дека три тела биле извлечени од урнатините минатата ноќ. Ова е трагична вест за семејствата кои се надеваат дека нивните најблиски преживеале. Се разбира, ние продолжуваме со потрагата. Досега не ги идентификувавме тие три тела, а бројот на жртвите во оваа трагична несреќа се зголеми на четири, рече градоначалничката.

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис изјави дека локалните и државните власти се надеваат дека повеќе луѓе ќе бидат спасени од урнатата зграда.

– Но, ние се подготвуваме и за лоши вести со оглед на уништувањето на кое бевме сведоци, рече ДеСантис.