Најмалку две лица загинаа, а околу 40 станбени згради се оштетени во поплавите во главниот град на Куба, Хавана.
Според кубанскиот информативен портал во САД, „Кибер Куба“ поради силната бура од центарот на Хавана се евакуирани околу 400 луѓе, а самоиницијативно погоденото подрачје го напуштиле околу 2.000 луѓе.
Според порталот од невремето погодени се и кубанските провинции Пинар дел Рио, Артемис и Санкти Спиритус.