-Вкупниот ризик поврзан со омикрон останува висок поради повеќе причини. Првите податоци укажуваат дека тој го заобиколува имунолошкиот одговор и е многу заразен, што може да доведе до нови бранови на инфекција со тешки последици, велат од агенцијата.

Додека првичните анализи во Јужна Африка покажуваат дека омикрон може да биде помалку опасен од делта и дека сите случаи во Европа се умерени или асимптоматски, останува нејасно колку е навистина вирулентен, се вели во извештајот.

-Потребни се повеќе податоци за да се разберат опасностите од омикронот. Дури и ако е помалку опасен од делтата, се очекува да се зголемат хоспитализациите поради повисоките стапки на пренос, што може да доведе до дополнително оптоварување на здравствените системи и повеќе смртни случаи. Повеќе податоци се очекуваат во наредните недели, според СЗО.