Украинските власти соопштија дека јужниот град Запорожје утрово е погоден од руски проектили, при што едно лице загинаа, а тројца се повредени.
Руските сили наводно истрелале четири проектили, од што еден бил пресретнат. Во нападот оштетени се трговски центар и најмалку 62 куќи.
Голем дел од руската офанзива е фокусирана на источна Украина, но руските сили контролираат дел од големиот регион Запорожје, вклучително и голема нуклеарна централа на јужниот брег на реката Днепар.
Според украинските власти, Русија распоредила три тактички групи во својата касарна во Василивка, лоцирана на околу 50 километри јужно од Запорожје, но сè уште не е познато дали е планирана офанзива врз градот.