Утрово најниска температура од 2 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка. Според мерењата, 4 степени се регистрирани во Маврови Анови, Крушево и Претор, а 5 степени во Охрид.
Во Струмица, Виница, Демир Капија и Штип се измерени 6 степени, во Берово 7, а по 8 степени во Куманово и Прилеп. Во Тетово и Битола утринската температура изнесуваше 9 степени, 10 во Скопје-Петровец, Велес и Крива Паланка, 11 во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, додека најтопло било во Гевгелија со измерени 12 степени.
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Дневната максимална температура ќе достигне интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе се задржи претежно облачно, придружено со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во главниот град ќе се искачи до 16 степени.
