Агата, најсилниот ураган во историјата, што во мај стигна до копното во источниот дел на Пацификот, денеска ги погоди туристичките плажи и рибарските градови во јужно Мексико.

Агата пристигна на копно на околу 10 километри западно од Пуерто Анџело како силна бура од категорија два, со максимална брзина од 165 километри на час.

Поради обилниот дожд и силните ветрови, туристите и жителите мораа да се скријат во засолништа.