За жестокиот напад на Киев, кој во текот на ноќта во бранови го изврши Русија, Украина соопшти дека се работи за најголемиот напад со дронови врз градот од почетокот на војната.
Претходно, украинските власти соопштија дека биле соборени повеќе од 40 руски беспилотни летала кои се движеле кон главниот град, но тој број сега е зголемен. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала вкупно 54 беспилотни летала – од кои 52 биле успешно соборени.
Се вели дека Москва цели на воени и критични инфраструктурни објекти во централна Украина, особено во регионот на Киев.
Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени во нападите.