За 27 отсто се намалил бројот на позитивни случаи на Ковид-19 и на починати лица во Грција во периодот од 8 до 14 август со регистрирани 73.710 позитивни и 258 смртни случаи, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Од потврдените случаи, 21 процент се реинфекции, биле направени 607.996 тестови, со стапка на позитивност 12,12 отсто, наспроти 13,79 проценти пред една седмица
Починале 258 лица, а во конкретниот период од седум дена, во грчките болници биле примени 1.952 и отпуштени 2.072 пациенти, додека пак вкупно 118 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.654.737 случаи на Ковид-19, а починаа 32.028 лица.