Трендот е сличен и во земјите од еврозоната. Евростат ја мери стапката на невработеност во валутниот блок од 7,4% во споредба со 7,5% во август и 8,6% во септември 2020-та година.
Европската статистика покажува дека бројот на невработени во земјите на ЕУ се намалува за нешто повеќе од 2 милиони во споредба со септември 2020-та година. Од нив 1,9 милиони живеат во земјите од еврозоната.
Невработеноста кај младите исто така се намалува – во земјите на ЕУ веќе достигна 15,9% наспроти 16,1% во август. Во еврозоната 16% од младите помлади од 25 години се невработени. За споредба, во август нивото беше 16,3%. Вкупно 2,8 милиони млади луѓе се без работа во ЕУ.
Статистиката покажува дека најголема невработеност има во Шпанија (14,6%) и Грција (13,3%). Во спротивна насока се Чешка (2,6%), Холандија (3,1%) и Малта (3,2%). Невработените во најголемата европска економија – Германија, се 3,4% од работоспособното население. Јужноевропските земји традиционално имаат најголем удел на невработени млади во ЕУ. Во септември, нешто повеќе од 30% од младите помлади од 25 години во Шпанија беа без работа. По неа следуваат Италија (29,8%) и Шведска (25,1%). Во Грција 24,5 отсто од младите се невработени.