Редуциран распоред

Приватните превозници ги паркираа своите автобуси, ќе возат редуцирано. Скопјани уште два дена ќе имаат приватен превоз.

Превозниците алармираат дека се наоѓаат во многу тешка финансиска состојба. Oд јануари годинава, имаат земено само дел од средствата. Dел од нив имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.

Скопјани се жалат

Скопјани се жалат од јавниот превоз, велат автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.

Не е првпат скопјани да останат без градски превоз. И пред две поради неисплатени долгови приватните автобуси беа паркирани низ булеварите во главниот град.

Криза од 2022-ра година

Најголемата криза скопјани ја имаа во ноември 2022-та, поради долг од 1,5 милиони евра. Тогаш градоначалничката Данела Арсовска раскина договори на превознциите „Слобода превоз“ и „Макекспрес“. Тие велеа дека на градот не му требаат приватни автобуси.