Здравствените работници денеска ја користат паузата за протест преку кој бараат да се потпише Колективен договор за израмнување на платите според последната корекција на минималната плата од 2022 година, како и неисплатениот регрес.
Синдикатот на Клинички побара состанок со Владата, со цел да се реши проблемот со покачувањата на платата.
Пациентите што ќе дојдат нема да бидат вратени, потенцираат од синдикатот. Освен синдикатот на клинички, со исти барања, ќе протестираат и здравствените работници кои членуваат во независниот синдикат за здравство при ССМ.
Сепак, дел од синдикатите на здравствените работници, како што е независниот медицински синикат се повлекуваат од најавите за тужби кон ФЗО и нема да организираат протести, откако почна исплатата на јануарската плата.
Дополнително, протестот се организира и поради незадоволството од незаконското доцнење на платите, поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравство.