Израелските одбранбени сили (ИД) утринава соопштија дека синоќа продолжиле копнените операции во Појасот Газа и дека биле погодени десетици цели на Хамас.

Од почетокот на војната на 7 октомври, според израелските медиуми, погодени се околу 11.000 цели на исламскиот Хамас и други екстремистички организации.

Во ноќта меѓу вторникот и средата цел на напад беше зграда во Џабалија, каде што се собраа оперативците на Хамас. Зградата се наоѓала „до училиште, медицински центри и владини канцеларии“, соопшти војската.

Израелските воздухопловни сили извршија напади врз командните центри на Хамас и другите „терористички ќелии“, се вели во соопштението.

Копнените сили забележале возило со наведувана противтенковска ракета како се упатува кон нив во северниот дел на Појасот Газа и го насочиле авионот да изврши напад.

Во налетот на израелските воздушни напади, станбена зграда во бегалскиот камп Џабалија во близина на главниот град Газа беше срамнета со земја, а спасувачите извлекоа луѓе, мажи, жени и деца од урнатините, пренесува АП.

Израел објави дека цел бил еден од водачите на Хамас и дека се уништени командниот центар на екстремистите и мрежата на подземни тунели.

Засега не се знае колку луѓе се убиени и ранети. Директорот на блиската болница каде што се пренесени жртвите изјави дека има стотина, меѓу кои и ранети, но не кажа точно колку.

Израелската армија соопшти дека се убиени десетици екстремисти, вклучувајќи го и командантот задолжен за северниот дел на Газа.

Израел, според АП, агресивно го бранел нападот, а воениот портпарол Џонатан Конрикус изјавил дека целта бил командант кој бил и клучен организатор на крвавите напади на 7 октомври со кои започна војната и дека станбената зграда се урнала само затоа што подземјето беше уништен објект на Хамас.

Израелската армија утринава соопшти дека вчера загинале уште девет војници во конфликт со припадниците на Хамас на северот на Појасот Газа, а израелските медиуми ги објавија имињата на загинатите.

Како што е наведено, повеќето биле припадници на бригадата Гивати, чие оклопно возило било погодено со наведувана противтенковска ракета. Во тој инцидент се ранети четворица војници.

Во вторникот беше објавено дека двајца војници од истата бригада загинале во одвоени судири во Појасот Газа.

Војната трае веќе 26 дена, а во копнените операции очекувано има се повеќе жртви.

Во Појасот Газа повеќе од 8.500 Палестинци, главно деца и жени, беа убиени во војната, а во Израел, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во првите напади на Хамас на јужна израелска територија.

Таков број на жртви е без преседан во деценискиот конфликт меѓу двата народа.